Македонија 20:31 Данска

Македонија го одигра и последниот натпревар на Европското првнство 2018 во Хрватска.

Во денешниот натпревар Македонија играше против фаворитот Данска. Во првото полувреме можевме да проследиме изедначена борба, во која Данска водеше, а нашите ракометари изедначуваа. Но, за жал, тоа траеше само до полувремето кое заврши 12:12.

Во второто полувреме, Данска уште на самиот старт направи разлика која ја одржуваше до финишот од натпреварот, за висока победа од 20:31 и убедливо прво место во Групата II.

WebOhrid