19/04/2024
Спорт

Македонија 24-25 Чешка

Од готово – вересија! Вака на кратко може да се опише вечерашниот натпревар на Македонија против Чешка.

Во најзначајниот натпревар за нас на ова Европско првенство, македонската ракометна репрезентација не успеа да ја заврши работата, иако во текот на целиот натпревар имаше водство од 4, па дури и 5 голови 18-13. Во самата завршница од натпреварот Чешка дојде до своето прво водство 23-24 кое го задржа до самиот крај на натпреварот и триумфираше со 24-25.

Иако изедначивме во последните секунди од натпреварот, по една конфузна акција со елементи на фаулирање и пробивање, судиите решија да не го признаат тој гол и да досудат пенал за Македонија. Дејан Манасков го изведе пеналот, но голманот на Чешка ја сопре таа топка.

Македонија од очекуваното второ место на табелата, со овој пораз се најде на последното место од Групата II.

Следниот натпревар Македонија ќе го игра против Данска, утре во 18:15 часот, каде со евентуална победа би можеле да се надеваме на освојување на 3-то место и одигрување на уште еден дополнителен натпревар за борба за 5-то место.

За најдобра акција на натпреварот беше прогласена онаа кога Мартин Велковски постигна гол за водство на нашата репрезентација од 9-6, погледнете:

WebOhrid