20/04/2024
Спорт

Македонија ги доби противниците за ЕУРО 2020

Денеска во Даблин се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Македонија е во групата Г, а наши противници се Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

Натпреварите од квалификациите за континенталниот собир ќе се одиграат во периодот помеѓу март и ноември 2019 година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој во 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.

По извлекувањето на групата селекторот на Македонија Игор Ангеловски изјави: „Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави на сите противници, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Европското првенство. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите”.