29/03/2024
Спорт

Македонија ЃП, Академија Пандев и Шкупи елиминирани од европската сцена

Заврши европската одисеја за тимовите на Македонија ЃП, Академија Пандев и Шкупи. Сите три екипи кои ја претставуваа нашата земја не успеаа да го поминат својот прв противник во квалификациите за Лигата Европа.

Македонија ЃП загуби од Алашкерт (Ерменија) со 0:3 односно со вкупен резултат од 1:6.

Академија Пандев загуби од Зрињски (БиХ) со 0:3 односно со вкупен резултат од 0:6.

Шкупи имаше најголеми шанси да продолжи во следната рунда, но загуби од Пјуник (Ерменија) со 1:2 односно со вкупен резултат од 4:5.

Единствениот клуб од Македонија кој што ќе настапува во следната квалификациска рунда за учество во Лигата Европа е тимот на Шкендија, кој беше елиминиран во квалификациите од Лигата на шампиони.

Во следната рунда Шкендија ќе игра против Дуделанж (Луксембург). Првиот натпревар Шкендија ќе го игра на домашен терен во вторник (23.07.2019), додека пак повратниот дуел ќе биде 7 дена подоцна (30.07.2019).

WebOhrid