16/04/2024
Спорт

Македонија и понатаму останува на 68 место на ФИФА рејтинг листата

И покрај тоа што немаше репрезентативни натпревари во изминатиот неполн месец, ФИФА сепак објави нова рејтинг листа. Македонија и понатаму останува на 68 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Белгија, пред Франција и Бразил.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Гвајана со +3 места се искачи на 177 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Барбадос -3 места, која се најде на 162 место.

WebOhrid