23/04/2024
Македонија

Македонија и САД заеднички во сајбер одбраната

Министерството за одбрана на Република Македонија и Соединетите Американски Држави започнаа со размена на најдобри практики во доменот на сајбер безбедноста и изградбата на одбранбени капацитети во оваа област. Целта е да се зголеми интероперабилноста и да се спречи негативното влијание врз демократските процеси на двете земји.

Според новиот Стратешки одбранбен преглед на Министерството за одбрана, сајбер просторот станува цел на растечки закани во светот, но и кај нас. Согласно овој стратешки документ неопходно е Република Македонија да развие сопствени капацитети со кои ќе се справува со ваквите закани, ќе ги открива и навреме ќе ги спречува.

Одбранбената соработка меѓу Република Македонија и САД е дел од неодамна објавената стратегија на САД за сајбер одбраната која предвидува соработка со сојузниците и партнерите со цел размена на информации и јакнење на капацитетите во оваа област.