Македонија поразена од Русија во Президент Купот на СП

Македонија загуби на првиот натпревар од Президент Куп и утре од 13:00 часот ќе играме за 15 место.

Македонија не успеа да запише победа на натпреварот со Русија. Почнавме подобро од противникот, поведовме со 4-2, но потоа следеше серија на грешки по кои Русија успеа на направи серија од 6-0 и да поведе со 8-4.

Не се предаде македонскиот тим, успеа во 10 минута да израмни на 8-8, но потоа и Русите постигнаа два гола по ред па во 15 минута беше 10-8. Македонија не успеа да ја анулира предноста на противникот, па на полувреме се замина со резултат 17-14 за Русија.

Во вториот дел на терен видовме и дел од резерврните ракометари на нашиот тим. Одиграа борбено, но не успеаа да направат пресврт.

Македонија цел натпревар беше резултатски во игра, на десетина минути до крајот беше 26-28, но на крајот славеше Русија со резултат 30:28.

Наш најдобар стрелец беше Кирил Лазаров со 9 гола од 11 обиди, Жарко Пешевски постигна пет. За противничкиот тим, Дмитри Житњиков постигна осум гола, а за најдобар играч беше прогласен голманот Виктор Киреев.

мкд-рус3мкд-рус5