29/03/2024
Македонија

Македонија се претставува на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул

Државниот секретар на Министерството за култура на Република Македонија, Валмир Азири оваа сабота учествуваше на свеченото отворање на 36-тото издание на Меѓународниот саем на книгата што се одржува деновиве во Истанбул, Република Турција. Саемот, заедно со претставници на меѓународните делегации, го отвори министерот за култура на Република Турција, проф. д-р Нуман Куртулмуш.

Делегацијата на Министерството за култура ги посети штандовите на издавачите од Македонија, кои учествуваат на Саемот, а оствари и повеќе средби со претставници на културни институции и со истакнати издавачи од Турција и регионот, на кои се разговараше за конкретни можности за соработка.

Саемот на книгата во Истанбул е меѓу најголемите настани од овој вид во светот. Годинава на него се претставуваат околу 1000 издавачи од 20-тина земји, а саемот секоја година го посетуваат над 500.000 посетители.