20/04/2024
Спорт

Македонија славеше против Лихтенштајн со ист резултат како во Крањ

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен меч против Лихтенштајн, доминирашe во текот на сите 90 минути и на крајот сосема заслужено стигнаа до новиот триумф. Во десетата минута прекрасна акција на Македонија, Пандев асистираше до Александар Трајковски кој постигна гол за водство од 1-0. Дваесет минути подоцна, повторно Пандев асистираше, a Трајковски стрелаше, за 2-0. Само шест минути подоцна Пандев и самиот се запиша во листата стрелци. Единствениот погодок гостите го постигнаа една минута подоцна кога грешката на Муслиу ја искористи Јилдиз за намалување на 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел одново гледавме сигурна игра, а точка на натпреварот стави Езџан Алиоски во 68-тата минута со одличниот соло продор.

После оваа победа Македонија се зацврстува на првата позиција со девет освоени бодови и во следните три натпревари потребни ни се уште четири бодови за пласман во плејофот од Лигата на Нации.