Македонија со победа против Грција го отвори претквалификацискиот футсал турнир

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа против Грција од 5:3 го отвори претквалификацискиот турнир за пласман во следната рунда квалификации за Светското првенство. Нашата селекција одигра одлично прво полувреме, но малку фалеше да направиме од готово – вересија откако противникот израмни на 3:3 во продолжението. Во клучните моменти од натпреварот, Марио Крстевски беше најприсебен и со два гола придонесе за конечна победа од 5-3. 

Македонија во 3. минута поведе со 1:0 по акцијата на Андов и Леовски. Водството го удвои Зибери по асистенција на Крстовски, а неколку минути подоцна погоди и Левески за убедлива предност од 3:0. 

Во вториот дел, Македонија искусно го чувеше водството, но само до 30. минута, кога концентрацијата во нашата одбрана падна и Грција со три брзи гола за само пет минути стигна до израмнување од 3-3. Стрелци на головите беа Ставрокопулос и Тарлас (2).

Сепак, во клучните моменти од мечот, Крстевски беше најприсебен и со два гола донесе конечна победа од 5:3. 

Во првиот натпревар од нашата група, селекцијата на Албанија убедливо со 5-0 го совлада Сан Марино. Во следното коло, кое на програмата е утре, Македонија ќе се судри со Сан Марино, додека противник на Грција ќе ѝ биде Албанија.