16/04/2024
Спорт

Македонија триумфираше против Словачка

Нашата сениорска кошаркарска репрезентација го постигна она што го зацрта – триумф над Словачка за максимални три победи во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Ричард Хендрикс, Бојан Трајковски и Војдан Стојановски беа особено расположени за игра, а тоа се виде и на теренот. Селекторот Давитков им даде шанса на сите играчи со кои располагаше во ростерот, а Македонија запиша уште една победа со која се стационира на врвот на табелата.

МАКЕДОНИЈА – Словачка 87-74 (25-21, 27-16, 18-20, 17-17)