Македонија У21 поразена од Австрија

Македонската репрезентација до 21 година претрпе пораз со 0:3 од соодветната репрезентација на Австрија во натпревар од четвртото коло од квалификациите за Европското Првенство кое ќе се одржи во Италија во 2019 година.

Нашата млада репрезентација добро го отвори мечот и во првите минути имаше полесна иницијатица, а бомбата на Чешмеџиев од слободен удар на прекрасен начин го одбрани гостинскиот голман Гартлер. Тука се чинеше дека ние ќе бидеме по напорни во потрага по водство, но голот дојде на другата страна. Јакупович во 12-тата минута се избори за добра позиција и со силен удар погоди са 0:1. Македонија се обиде да се врати, но гостите како добија крилја од водството и во 26-тата минута преку Хонсак ја удвоја предноста. Доминацијата на Австрија донесе трет гол во 36-тата минута кога Лаимер погоди за 0:3. Две минути подоцна убава акција на Елмас, но неговиот прекрасен удар на уште поубав начин го одбрани Гартлер. Во 50-тата минута нововлезениот Стојановски биеше со волеј после одличниот центаршут на Костадинов, но топката отиде за малку над голот. Додека ние не усепавме да дојдеме до противничката мрежа, гостите го искористуваа секој момент пред нашиот гол, така да во 54-тата минута после една грешка во нашата зона, Јакупович со вториот личен гол, зголеми на 0:4. И покрај високото водство на гостите, нашите млади фудбалери во продолжение имаа повеќе од играта и се обидуваа да вршат притисок, но без некоја посериозна шанса за гол. Најдобрата ја имаше Абаз во 78-та минута по еден убав продор во левата страна, но топката отиде покрај стативата. Нашите надежи последните 10 минути ги одиграа со играч помалко, откако Костадинов требаше да ја напушти играта после вториот жолт картон. Во 84-та минута Георгиев беше фаулиран во гостинската зона, а ударот на Исени од пенал го одбрани гостинскиот голман Гартлер. Последната закана ја имаше Стојановски во додатното време, но неговиот силен шут отиде покрај стативата. На крајот трите бода им припаднаа на гостите.

МАКЕДОНИЈА У21 – АВСТРИЈА У 21 0:4 (0:3)

Национална Арена “Филип Втори” во Скопје

Гледачи: 300

Судија: Жоао Пињеиро

Асистенти: Бруно Родригез и Нуно Переира

Стрелци: Јакупович 12’ и 54’, Хонсак 26’, Лаимер 36’ (Австрија У 21)

Жолти картони: Симовски, Костадинов 2, Садики (Македонија У 21), а Вобер, Маресич (Австрија У 21).

Црвен картон: Костадинов 80’ (Македонија У21)

МАКЕДОНИЈА У 21: Јанков, Симовски, Чешмеџиев, Кулески (Здравковски 46’), Абаз, Костадинов, Селмани (Стојановски 46’), Аманович, Георгиев, Елмас (Садики 68’), Исени.

Селектор: Благоја Милевски

АВСТРИЈА У 21: Гартлер, К. Баумгартнер (Прокоп 58’), Инголитсч, Лаимер (Ловрич 81’), Јакупович, Маресич, Вобер (Лјубичич 68’), Улман, Д. Баумгартнер, Хорватх, Хонсак.

Селектор: Вернер Грегоритсч