Македонската репрезентација загуби со 1:4 од Австрија

Македонската А репрезентација загуби од Австрија со 1:4 (1:1) на натпреварот од 4. коло од квалификациите за ЕУРО 2020. Австрија доминираше во текот на целиот дуел и заслужено ги освои трите бода од пресметката на Националната арена во Скопје.

Уште на почетокот гостите тргнаа со сите сили по водечки гол. Во првата минута, нашиот Димитриевски чудесно спасуваше по ударот на Арнаутовиќ. Голманот на нашата селекција спасуваше уште во најмалку три изгледни прилики за гостите во првиот дел. Во 18. минута австријците си постигнаа автогол за водство од 1:0. Хинтерегер со глава ја погоди сопствената мрежа. Во тие моменти ние имавме одлична прилика преку Горан Пандев за 2:0, но капитенот не реализираше.

Сепак до полувреме, Австрија успеа да израмни преку Лазаро во 39. минута. Гостите во 44. минута преку Сабитцер ја погодија и стативата од голот на Димитриевски.

Во второто полувреме, Австрија наметна уште посилен ритам, а сето тоа резултираше со три гола во мрежата на македонската репрезнетација.

Арнаутовиќ од пенал донесе водство за Австрија од 2:1, капитенот на австријците во 82. минута со својот втор гол ја потврди победата, а Бејтулаи постигна автогол за конечните 1:4 во 86. минута.