20/04/2024
Охрид

Mакедонски филмски класици! Време е за Кино!

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид во соработка со КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА, Ве покануваат на македонски филмски класици:

ЏИПСИ МЕЏИК / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток 18.00 ч / влез слободен

Производство: Вардар филм – Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: мелодрама

Род: Игран филм

Времетраење: 135 минути

Звук: Да

Во боја: во боја

Година: 1997

Режија: Попов Стојан – Столе

Сценарио: Блажевски Владимир

Директор на фотографија: Трпески Апостол

Монтажа: Грбевски Димитар

Главна улога: Шијаковиќ Арна, Чевревски Данчо, Додевски Горан, Иванова Катина, Манојловиќ Предраг – Мики,Бајрам Северџан, Трпкова Синоличка, Михајловски Тони, Јачев Владимир, Хасан Џемаил..

 

СРЕЌНА НОВА 49 / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток 20.00 ч / влез слободен

Година 1986 / Траење: 125 минути

Приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и Сталинизмот.

Режија: Столе Попов

Сценарио: Гордан Михиќ

Музика: Љупчо Константинов

Улоги: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други

Награди:

– Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула,

– Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула

– Нагрдада Милтон Манаки од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула

Златен гладијатор, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш

– Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања

– Југословенски кандидат за Оскар 1986

– 13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ

и други..

 

-ТЕТОВИРАЊЕ / САБОТА, 04 мај 2019 г / почеток 20.00 ч / влез слободен

Година: 1991 / Траење: 128 минути

Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. 

Режија: Столе Попов

Сценарио: Мирко Ковач

Музика: Љупчо Константинов

Улоги: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др…

Награди:

Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови

– Прва награда Златна мимоза за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш

– Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ Милтон Манаки Битола

и други…