20/04/2024
Македонија

Македонски земјоделско-прехранбени производи за прв пат промовирани на саемот „FOODEX“, во Токио, Јапонија

Единаесет македонски компании за прв пат ги претставија своите земјоделско-прехранбени производи на саемот „FOODEX“, што деновиве се одржува во Токио, Јапонија.

Со цел зголемено присуство на Република Македонија во Јапонија и поширокиот Азиски пазар, како и за проширувањето на деловните можностина производителите од Република Македонија кои што веќе извезуваат на овие пазари, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за прв пат оваа година, македонски компании компании од Република Македонија учествуваат на оваа реномирана саемска манифестација.

На штандот кој го финансира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, своите производи ги претствија 6 македонски винарски визби како и 5 преработувачи на земјоделски производи.

Ова е 43-то издание на Меѓународниот саем за храна и пијалоци „Foodex 2018“. Овој саем во Јапонија е најголемата саемска манифестација во Азија посветена на храна и пијалоци од Јапонија и од целиот свет.Саемот е посетен од околу 85.000 купувачи, дистрибутери и трговци со храна и пијалоци од Јапонија и други земји.

На овој реномиран саем оваа година покрај нашите изложувачи се претставија и други над 3.350 изложувачи на над 4.000 штандови.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе ги поддржува меѓународните саемски манифестации, со цел поголема промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи.