Македонските одбојкари поуспешни од Косово

Македонската одбојкарска репрезентација денес го одигра првиот натпревар од ЦЕВ Европска Лига. Македонија гостуваше против репрезентацијата на Косово.

Иако Косово го доби првиот сет со 25:20 и поведе со 1:0, сепак Македонија ги доби наредните три сетови (16:25 17:25 14:25) и со вкупни 1:3 успеа да го добие овој натпревар.

Наредниот натпревар Македонија ќе го игра за 3 дена (23.05.2018) повторно во гости, против репрезентацијата на Латвија.

WebOhrid