25/04/2024
Регион/Свет

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана најостро ги осудува изјавите на Каракачанов и Ковачев

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана ја осудува најновата провокација на Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија од ВМРО-БНД и Андреј Ковачев европратеник од ГЕРБ како и бугарската амбасада во Тирана, бидејќи со делење на пасоши сака да купи “бугари” во Албанија како “доказ” дека не постои Македонскиот јазик.

„Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат антимакедонизмот на власта во Софија и го сметаат за несериозно и смешно повторното пласирање на една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик. Македонското друштво „Илинден“ – Тирана го повикува Европскиот парламент да преземе мерки против Андреј Ковачев од ГЕРБ кој од позиција на европратеник врши притисок врз Македонците во Албанија. Македонското друштво „Илинден“ – Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на Македонскиот народ во целина!“ – стои во соопштението од претседателот на Македонското друштво „Илинден” – Тирана, Никола Ѓурѓај.