29/03/2024
Спорт

Машката и женската 3х3 репрезентација викендов ќе играат квалификации за Европскиот Куп

Нашите национални тимови во 3х3, во машка и во женска конкуренција, денеска заминуваат за Рига каде претстојниот викенд ќе земат учество на квалификациските турнири за Европскиот Куп.

Двете репрезентации ќе се натпреваруваат во категоријата OPEN.

Тимовите во двете конкуренции ќе бидат поделени во три групи (pools). Прво рангираниот тим од секоја група ќе се квалификува за втора групна фаза. Првите два рангирани тимови од втората фаза ќе обезбедат пласман на Европскиот Куп кој ќе се одигра во Унгарија, закажан за месец септември.

Нашата Република ќе биде претставувана од Анџелика Митрашиновиќ, Софија Лазареска, Криси Гивенс и Александра Стојановска (најдобро рангирана македонска кошаркарка во 3х3) во женска конкуренција како и Живко Манасиевски, Петар Бојовски, Блажо Митков и Ервин Цого (најдобро рангиран македонски кошаркар во 3х3)  во машка конкуренција.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на FIBA3x3 каналот на YouTube како и на официјалната FaceBook страница.

Распоредот на натпревари може да се погледне на следниот ЛИНК.