19/04/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден на семејството

Меѓународниот ден на семејството се одбележува на 15 мај секоја година. Денот беше прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во 1993 година со резолуцијата A/RES/47/237 и ја одразува важноста што меѓународната заедница им ја дава на семејствата. Меѓународниот ден дава можност да се промовира свесноста за прашањата кои се однесуваат на семејствата и да се зголеми знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат врз семејствата.

Меѓународниот ден на семејството инспирира серија настани за подигнување на свеста, вклучувајќи ги и националните денови на семејството. Во многу земји, денот дава можност да се потенцираат различни области на интерес и значење за семејствата. Активностите вклучуваат работилници и конференции, радио и телевизиски програми, статии во весници и културни програми кои ги истакнуваат релевантните теми.

Темата за 2018 година е: „Семејствата и инклузивните општества.“ Овогодинешниот собир ќе ја разгледа улогата на семејствата и семејните политики во унапредувањето на целта за одржлив развој во смисла на промовирање мирни и инклузивни општества за одржлив развој.

Главните цели на Агендата 2030 за одржлив развој се фокусирани за ставање крај на сиромаштијата, промовирање на заедничкиот економски просперитет, социјалниот развој и благосостојбата на луѓето и заштитата на животната средина. Семејствата остануваат во центарот на општествениот живот, обезбедувајќи благосостојба на своите членови, едукација и дружење на децата и младите, како и грижата за младите и старите. Семејствата можат да придонесат за постигнување на целите за одржлив развој, да се справат со сиромаштија и глад; да обезбедат здрав живот и да промовираат благосостојба за сите возрасти; да обезбедат образовни можности во текот на животниот век и да се залагаат за постигнување на родова рамноправност.

WebOhrid