20/04/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден на среќата

Меѓународниот ден на среќата едноставно е ден за да се биде среќен! Почнувајќи од 2013 година, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата, како начин да се признае важноста на среќата во животот на луѓето од целиот свет. Во 2015 година ОН започнаа 17 цели за одржлив развој кои бараат да се стави крај на сиромаштијата, намалување на нееднаквоста, како и заштита на нашата планета – три клучни аспекти кои водат кон благосостојба и среќа.

Обединетите нации ги покануваат сите од било која возраст, секоја училница, бизнис и влада да се приклучат на прославата на Меѓународниот ден на среќата.

Овогодишната тема е: Посреќни заедно, фокусирајќи се на сето она што го имаме заедничко, а не на она што нè дели.

Секој сака да биде среќен – и животот е посреќен кога сме заедно. Затоа, да го прославиме нашето заедничко човештво. Придружете се кон заедницата и бидете дел од овој посебен ден.

WebOhrid