19/04/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден за согледување на опасностите од мините

На 8 декември 2005 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 4 април како Меѓународен ден на согледување на опасноста од мини и дејствување против мините.

Со помош на Обединетите нации и релевантните организации, се повикуваат државите на континуирани напори, за да се поттикне воспоставување и развој на акции во земјите каде има мини и експлозивни остатоци од војна, кои претставуваат сериозна закана за безбедноста, здравјето и животите на цивилното население, или пречка за социјалниот и економскиот развој на национално и локално ниво.

Веќе 20 години, работата на UNMAS (Акционата служба на Обединетите нации за отстранување мини) е управувана од страна на потребите на засегнатите лица и оние кои се изложени на заканата од експлозивни опасности со кои се соочуваат цивилите, мировниците и хуманитарците. UNMAS работи за да спасува животи, за да се олесни распоредувањето на мисиите на ОН и на испораката на хуманитарна помош, за заштита на цивилите, за поддршка на доброволно враќање на внатрешно раселените лица и бегалците, за да се овозможи хуманитарна помош и обновување на активностите и за залагање за меѓународни хуманитарни и човекови права.

WebOhrid