16/04/2024
Охрид

Меѓународна извидничка размена

Во перодот од 23-27.07.2018 година овојпат во Велестово, во пазувите на Националниот Парк Галичица, во културниот дом, под покровителство на Локалната самоуправа и Градоначалникот на Охрид, Извидничкиот Езерски одред Пионер ја реализираше овогодинешната меѓународна размена на извидници.

Оваа година истата беше проширена со присуство покрај на извидниците од Белгија кој што беа носители на размената и со извидници од Србија како и извидници од извидничките одреди од Штип и Кочани.

Извидниците извршија размена на искуства за својата работа во сферата на неформалното образование на деца и младинци пезентирајќи методи на работа секој од својата држава,односно од местото на живеење преку различни работилници. Гостите имаа можност да се запознаат со убавините на Националниот Парк каде што и беше организирана еко акција за чистење и уредување на околниот простор. При размената беа посетени и значајни културни и историски локации во Охрид.

Oва е четврта по ред меѓународна размена на извидници која што Извидничкиот езерски одред Пионер ја реализира на подрачјето од Охрид, со што секоја година става по една коцка во големиот мозаик за промоција и туристички придонес на нашиот крај пред милионскиот светски извиднички, скаутски аудиториум.