19/04/2024
Македонија

Меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката – минато и иднина“

Меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката – минато и иднина“, денеска и утре ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје…

Организатори на конференцијата се Библиотекарското здружение на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Македонските е-библиотеки.

На конференцијата ќе се обратат Сенка Наумовска, директорка на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Благој Николов, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија.

Учесниците на конференцијата ќе зборуваат за повеќе теми, како истражувања и нови трендови во библиотеките, современи библиотечно-информациски услуги, потенцијални корисници, библиотечните технологии и навиките на корисниците.