Меѓународнa конференција за сообраќај и транспортно инженерство – Белград 2018

Од 27 до 28.09.2018 година во Белград се одржа 4-та Меѓународна конференција за сообраќај и транспортно инженерство, во организација на научно-истражувачкиот центар Сити Нет – Белград, Сообраќајниот факултет од Белград и Италијанската инжињерска комора.

На дводневниот состаок, беа претставени најновите истражувања на врвни експерти од патниот, железничкиот, воздухопловниот, водениот, поштенскиот и телекомуникацискиот сообраќај и логистика, од над 50 земји од светот.

Една од главните цели, на конференцијата беше размена на знаења и искуства на научниците од Србија со колегите од Европа и светот, во сферата на автоматизација на транспортните системи и дигитализацијата на процесите на транспортот за постигнување, иновативен и конкурентен европски транспортен систем на глобално ниво.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Р.Македонија на покана на директорката на конференцијата, Оља Чокорило, преку свој претставник, зема учество со своја презентација во сесијата за Воздухопловните операции, на тема „Иновативни лидерски стилови и особини на идните генерации лидери”.