Меморијален турнир во чест на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски

Под покровителство на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески, во спортско рекреативниот центар „Климент Колески“ ќе се организира меморијален турнир во чест на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Тој беше голем љубител и поддржувач на спортот и затоа овогодинешниот турнир во мал фудбал ќе го носи неговото име.

Пријавувањето на екипи за учество е веќе започнато, а сите информации, заинтересираните можат да ги добијат на официјалнаta фејсбук страница на СРЦ „Климент Колески“.

Почетокот на турнирот е закажан на 20 август 2019 година, а ждрепката на тимовите ќе се одржи еден ден претходно.