24/04/2024
Струга

Мицкоски ќе присуствува на прославата за Илинден во Ташмаруништа

„Нашата вековна борба и голгота за самостојна Македонија, никогаш не запира. Секое отчукување на нашето срце во името на Македонија е се посилно и појако. Идеологијата од која се водиме е кодот на нашето постоење. Низ историјата, јуначкото срце на македонските синови не се предаде, па нема ни сега! Храброста на македонскиот народ ќе издвојува уште една победа, со која ќе застанеме на пиедесталот како горди Македонци, во цврста, стабилна и просперитетна Република Македонија. Илинден е празник на македонското срце и душа, на македонскиот непокор.

Затоа, во пресрет на големиот празник Илинден, ве повикувам, што помасовно, да се упатиме во Ташмаруништа, каде ќе има прослава во чест на паднатите борци за нашата татковина и каде ќе присуствува и свечено ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, почитуваниот господин Христијан Мицкоски.

Нека ни е вечна Република Македонија!“ – вели во повикот, Мирче Аџиоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.