29/03/2024
Македонија

Мицкоски: Младите заслужуваат подобро, тие се значаен фокус на мојата работа и работата на ВМРО-ДПМНЕ

Младите заслужуваат подобро, тие се значаен фокус на мојата работа и работата на ВМРО-ДПМНЕ, напиша лидерот на партијата Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по посетата на населеното место Радово во општина Босилово.

 – На кафе дружба во населеното место Радово, општина Босилово. Ми ја пренесоа нивната загриженост за актуелната состојба, велат бесперспективноста е најчестата слика не само во Радово, туку и во Турново, Секирник, Мониспотиво, Бориево… Владата ги има заборавено младите. Во потрага по пристојна егзистенција многу нивни пријатели ги напуштаат живеалиштата и се иселуваат надвор од државата. Така се одзема иднината на оваа држава. Младите заслужуваат подобро, тие се значаен фокус на мојата работа и работата на ВМРО-ДПМНЕ !