19/04/2024
Македонија

Мицкоски: Мораме да го ресетираме општеството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Слободен печат,  изјави дека мора да се ресетира општеството доколку сакаме нашата држава да напредува и додава дека треба да учиме од успешните пример и да ги адаптираме спрема нашите специфики.

Ајде да договориме да не старее економскиот криминал, да нема  застарување на тие дела. Ако има економски криминал да си одговара, да не биде тоа само избрано или именувано лице, ајде да видиме што се случува во бизнисот, во администрацијата во правосудството. Ние денеска имаме административци во администрацијата со по неколку станови, викендици, вили, возила со плата стекнати, да видиме како ги стекнале, дали ги наследиле, ги добиле како подарок ,  имаме и судии и обвинители кои располагаат со сериозни имотни листови да видиме како ги стекнале, ги наследиле, од плата, кредит, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека мораме да го ресетираме нашето општество и да учиме од позитивните примери низ Светот, бидејќи доколку не го сториме тоа ние како држава не можеме да одиме напред.

Учете од успешни примери, видете во Естонија како било, видете како било во Сингапур на пример или еве видете го примерот во Руанда за помирување, можеби некој ќе рече овој зборува за афрички земји, но видете го тој успешен пример. Се е измислиено само ние треба да го адаптираме на нашите специфики, нагласи Мицкоски.