29/03/2024
Македонија

Мицкоски: На улиците не гледам радост бидејќи договорот со Грција е лош

Во емисијата Топ Тема, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека на улиците ширум државата нема радост бидејќи договорот кој го потпиша СДСМ со Грција е лош.

Мицкоски забележа дека главниот град на Македонија е под полициски блокади, а движењето на граѓаните е ограничено. Тој ја запрашал полицијата дали можеби се подготвува некоја церомонијална прослава, на што полицијата одговорила дека напротив се подготвуваат протести на кои ќе се изрази незадоволството на граѓаните од ратификацијата на договорот за промена на името со Грција.

– Јас денеска патувајќи од партиското седиште до вашата телевизија наидов на неколку полициски блокади, бариери итн. каде што е ограничено движењето на граѓаните во овој град. Ги прашав полицајците на што се должи сето ова, дали можеби се подготвува некакво славење, радост на граѓаните на Република Македонија, бидејќи еве во парламентот поминало тоа што поминало денеска. Не ми рекоа, од каде ви е таа идеја, напротив се подготвуваат протести, се подготвуваа негодување итн. И навистина ме зачуди ако е нешто за славење, навистина е нешто добро за граѓаните, имаат бенефит, добро ќе беше да го прослават по улиците ширум Македонија, да има некаква еуфорија, да се создаде впечаток дека навистина Македонија триумфирала дека граѓаните ќе имаат подобар живот. После една година и еден месец конечно оној долго очекуван живот ќе пристигне. Но знаете за жал не е така“,  рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски забележа дека состојбата во Македонија е повеќе од алармантна, а граѓаните се револтирани. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека најголемата опозициска партија ќе ги подржи сите протести кои се демократски и цивилизарни и во согласност со Уставот и законите.

– Ситуацијата е повеќе од алармантна, граѓаните се револтирани, сите оние граѓани во Република Македонија кои што нормално на еден демократски, цивилизиран начин ќе го изразат своето незадоволство односно на начин на кој што имаат право и согласно законот и согласно Устав ние ги поддржуваме и таков еден протестен собир ќе одрќжиме во Струмица во недела, таков еден протест одржавме во Битола, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски заклучи дека е негова чест и должност да го зачува достоинството на партијата, татковината и граѓаните.

– Видете кога имате нерационални политики, кога имате политики кои се спротивни на државните и националните интереси, а вие сте дел од опозицијата, во случајот претседател на најголемата опозициска партија, моја чест и должност е да го зачувам достоинството на партијата, татковината и граѓаните во Република Македонија, рече челникот на опозицијата.