24/04/2024
Македонија

Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес   (28.02.2018 година) придружуван Генералниот секретар, Игор Јанушев и членот на Извршниот Комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, стратешките приоритети на Република Македонија и реформските процеси важни за државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е потребен политички дијалог и вклучување на опозицијата  во однос на клучните прашања во  државата, а самиот процес е двонасочен, односно за тоа потребна е волја од владејачкото мнозинство.

Мицкоски  истакна дека е загрижувачки застојот во економијата и реформските процеси, што се должи на недоволната посветеност и манифестирањето на неспособност од страна на власта да менаџира со процесите и државната економија.  Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој процес, но доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес на државата и граѓаните на Република Македонија.

Мицкоски на средбата информираше дека сериозен проблем претставува политичкиот прогон кој го спроведува  власта и дека истиот претставува  пречка за придвижување на  стратешките општествени и политички процеси во државата кои се уште се во застој.

Во однос на интеграциските процеси, Мицкоски истакна дека стратешки приоритет  на Република Македонија е  членството во ЕУ и НАТО и ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи во насока на остварување на овој стратешки процес.