29/03/2024
Македонија

Мицкоски оствари средба со словенечкиот амбасадор Јазбец

Наместо со информации за прогрес и реформи, јавноста секојдневно е преплавена со афери и коруптивни скандали на власта кои немаат никаква разрешница. Институциите се заробени и замижуваат пред сомнежите за криминал на власта, а се користат единствено за пресметка со политичките неистомисленици.

Ова беше една од темите на кои што се разговараше на денешниот состанок, каде Престедателот Мицкоски ја изрази загриженоста од фактот дека Република Mакедонија не само што не оди напред, туку и назадува во поголем број области.

На средбата се разговараше и за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го запозна амбасадорот за состојбата во државата и актуелните случувања, со особен осврт на фактот дека во Република Македонија сериозно се загрозени човековите права со политичкиот терор кој го спроведува власта.   

На средбата претседателот Мицкоски ја презентираше и лошата економска состојба, која е предизвикана од лошите економски политики на владата кои се повеќе им штетат на граѓаните.

Од страна на Мицкоски беше констатирано дека добрите односи со Република Словенија треба да се негуваат и унапредуваат. Исто така беше потенцирано дека на Република Македонија и се неопходни искуствата на Словенија во евроатланската интеграција.

На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Словенија за членство на Македонија во НАТО и Европската Унија. За овие стремежи за интеграција да се остварат неопходно е власта да се зафати со работа и остварување на приоритетните реформи преку активно вклучување на опозицијата.