20/04/2024
Охрид

Милошевски: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која најави повеќе пријатни катчиња за одмор и релаксација, нови велосипедски и пешачки патеки и зони, субвенционирање за купување велосипед, партерно уредување, реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици, како и авантуристички (адреналински) паркови.

„Охрид мора да биде убав. Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација.

Охриѓани и туристите да добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони. Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата Локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење.

За убав град: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан.

Охриѓани и гостите мора да се движат безбедно на потегот од излезот од градот до Свети Стефан. Велосипедистите преку здрави навики за возење велосипед активно ќе го користат своето слободно време.

Во непосредна врска е мерката за субвенционирање за купување велосипед со која граѓаните се мотивираат почесто да го користат со цел поздрава околина и почист воздух. Ќе се субвенционира половина од вредноста на чинење на велосипедот, но не повеќе од 4000 денари.

За убав град: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе бидат нови препознатливи места за рекреација.

– Стар град – Реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици

– Изградба на потпорен ѕид во Коњско.

За убав град: Изградба на музеј на Охридско Езеро.

Нова атракција за убав Охрид во близина на каналот Студенчишта каде што охриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна.

За убав град: Изградба на авантуристички (адреналински) паркови.

Опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи и слично.

За убав град: Обележување на улиците со современи пластифицирани материјали.

И уште многу други проекти во програмата За убав град!

Почитувани, Нашата цел е убав град! Бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид. Бројот 5 за убав град. Охрид повикува! – истакна Милошевски.