28/03/2024
Охрид

Милошевски: Модерно и современо образование за убав град

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Образованието е столб на нашиот просперитет.

Модерно и современо образование за убав град.

За убав град:

Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во рурални средини и обратно до своето работно место.

Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на општина Охрид ќе биде по основ на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Совет на општина Охрид.

Воведување на едносменска настава преку која ќе се постигне во голем дел синхронизација на работното време на родителите со дневното време на учениците поминато во училиште. Компатибилно на овој проект, проектот бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение нуди децата кои посетуваат настава да добиваат редовни, здрави оброци (доручек и ручек). Со оваа мерка и учениците и децата би имале повеќе заедничко време, а истовремено и училишните обврски би биле завршени.

Иницијатива за отворање средно ликовно и музичко училиште.

Бесплатен превоз 24 часа за сите ученици од основно и средно образование.

Развивање претприемачки дух преку отворање реални училишни компании во средните училишта нивно вмрежување со бизнис-секторот за поддршка на практичната настава. Учество во соработката со бизнис-секторот за обезбедување финансиски средства од самофинансирачка активност.

Поддршка за млади таленти преку доделување годишни награди.

Стипендирање на талентираните студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци како и преземање активности за обезбедување финансиски средства за учениците со послаба материјална состојба.

Промовирање на југозападен регионален училишен центар.

5 за квалитетно, просперитетно и модерно образование. 5 за мотивирани наставници и ученици, за достоинствена професија. 5 за град на знаење. 5 за убав град. Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.