28/03/2024
Охрид

Министерот на МВР Оливер Спасовски во работна посета на Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес (04.06.) во 16:30 часот во хотел Метропол во Охрид, ќе учествува на отворањето на деветата по ред меѓународна научна конференција „Реформите на безбедносниот систем како предуслов во евроатланските интеграции„ која што во наредните два дена ќе се одржи во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Ханс Зајдел„ од СР Германија и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, и под покровителство на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.