24/04/2024
Македонија

Министерот Спасовски во свое и во име на МВР им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани на РСМ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во свое и во име на Министерството за внатрешни работи им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани на Република Северна Македонија, со желби за добро здравје, успех, среќа и бериќет.   
Воедно, министерот Спасовски им ја честита Новата година и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, пожелувајќи им здравје, среќа и успеси на професионален и на личен план.