29/03/2024
Охрид

Министерска средба во Охрид „Спроведување на акции /мерки според одлуката на  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“

Утре во Охрид ќе се одржи Министерска средба „Спроведување на акции /мерки според одлуката на  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“.

На средбата ќе се разговара за актуелни теми и предизвици ( Охридски регион и Котор) .

Воведни обраќања ќе имаат м-р Роберт Алаѓозовски, Национален координатор во Министерството за култура во Република Македонија,   Александар Богдановиќ, Министер за култура на Црна Гора и Мирела Кумбаро Фуџи, Министер за култура на Република Албанија

Ќе се дискутира за тековните и идни активности поврзани со препораките на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО. Презентации ќе имаат градоначалниците д-р Јован Стојаноски, Градоначалник – Општина Охрид, Република Македонија, Владимир Јокиќ, Градоначалник, Општина Котор, Црна Гора, Рамис Мерко, Градоначалник – Општина Струга, Република Македонија  и Зоран Ногачески, Градоначалник – Општина Дебрца, Република Македонија.

За спроведувањето на акции и мерки според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, ќе говори Синиша Сесум, Шеф на Антена канцеларијата (Сараево) при Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, Венеција, Италијанската Република

Ќе се дискутира за Приоритетни теми/прашања, проблеми со издавање на градежни дозволи, мораториум,  стратешки документи и легислатива, градење на капацитети.

Вовед и модератори на настанот ќе бидат м-р Билјана Претноска и Милица Николиќ, Генерални секретари на Националните комисии на УНЕСКО на Република Македонија и Црна Гора.

Говорници ќе бидат претставници од Владата и Собранието на Република Македонија, стручната јавност и граѓанските здруженија.