19/04/2024
Охрид

Мировен марш по повод Светскиот ден на мирот 21 септември

Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР.

             Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.

   Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 Септември 2018 година  (петок) овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото  „Правото на мир – 70 години од Универзалната декларација за човекови права“, во нашиот град – Охрид. Маршот ќе се одвива по  улицата „Кеј Македонија“ до крајната дестинација – плоштадот, т.е. пред споменикот „Св.Климент Охридски“.

 Манифестацијата ќе се изведе по следната

П Р О Г Р А М А

            Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата (стара дирекција на „Гранит“), во 11:00 часот на 21 септември 2018 година (петок ).

            Централно место на прославата ќе бидена плоштадот „Св.Климент Охридски“.

Положување свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.
Химна на Република Македонија.
Се чита пораката на Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.
Обраќање на претставник на локалната самоуправа на општина Охрид.
Обраќање на претставник на СБ од Охрид и Дебрца.
Културно-уметничка програма.
Се повикуваат покрај борците и граѓаните продолжувачи, масовно учество да земат претставниците на АРМ, пензионерите, учениците, студентите, претставниците на Политичките партии, Невладините организации и Здруженија на граѓани.