19/04/2024
Македонија

МНР: Најнови информации во врска со пожарите во околината на Атина, Грција

Од МНР информираат дека заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина. Во моментов немаме официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.

Препорачуваме државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Воедно, информираме дека контакт телефонот на нашата Канцеларија за врски во Атина е 0030 694 474 3071.