28/03/2024
Македонија

МНР препорачува воздржување од патувања во градот Вухан во Кина

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги предупредува граѓаните кои патуваат во НР Кина на опасноста од Коронавирусот, со потекло од градот Вухан, во провинцијата Хубеи.

Заради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, со ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт.

Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.