24/04/2024
Охрид

Мобилни тимови од ЦЈЗ Охрид ќе ги посетуваат лицата кои имаат потреба од микробиолошка анализа

Во овие снежни и студени зимски денови, доколку имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, а сте на возраст над 60 години и не сте во можност да дојдете во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид, мобилните тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните услуги и ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа.

„Ве очекуваме да се јавите на нашите телефони 046 231-031 или 072 251-948, најдоцна до 13:00 ч. каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно издадениот упат од матичен лекар.“ – велат од Центарот за јавно здравје Охрид.