19/04/2024
Македонија

Модерниот проект „Скопје Ист Гејт“ на меѓународниот архитектонски форум SHARE

Модерниот проект „Ист гејт“ што ќе се гради во Скопје, утре (19 февруари, вторник) ќе биде презентиран пред стручната јавност на Меѓународниот архитектонски и инжeнерски форум SHARE Skopje 2019 во Македонската филхармонија. За мултифункционалниот комплекс кој ќе биде спој на трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк ќе зборува извршниот директор на „Ист гејт“, Игор Давков.

– Станува збор за проект кој ќе биде следната урбана дестинација во Скопје. На јавноста ќе ѝ донесеме нов и иновативен начин на шопинг, на живеење како и на поинаква работна средина. Нашата цел е да направиме промени. Додека го креираме овој нов, модерен и функционален комплекс промовираме и нови стандарди на пазарот и ја подобруваме сликата на градот – вели Давков.

На Меѓународниот архитектонски и инженерски форум SHARE Skopje 2019 ќе говори и авторот на идејното решение за „Ист гејт“, турскиот архитект Керем Јазган. Студиото Yazgan Design Architecture досега има реализирано проекти во 19 држави меѓу кои се: хотели, аеродроми, спортски комплекси, резиденцијални згради, болници итн. Според нацртите на студиото на Јазган досега вкупно се изградени 6 милиони квадратни метри.

– „Скопје Ист Гејт“ е спој на два предизвика во архитектурата: естетика и интелегенција. Јас и мојот тим се водевме од концептот на помислата на Скопје како отворен, зелен град, кој изобилува со рамни линеарни површини и внимававме да создадеме естетски функционално решение за мултифункционална трилогија. Со „Ист Гејт“, Скопје добива нов симбол – Керем Јазган.

На меѓународниот архитектонски и инженерски форум ќе говорат архитекти од цел свет. По Скопје, настанот ќе се одржи и во Тирана, Љубљана, Будимпешта, Букурешт, Белград, Софија, Рига, Варшава и Атина.