28/03/2024
Спорт

МОК со 50 илјади долари го помага македонскиот ракомет

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за понатамошно унапредување на македонскиот ракомет обезбеди финансиски износ од 50.000 американски долари од кои 40.000 американски долари се веќе префрлени на сметката на Ракометната федерација на Македонија, а се наменети за најдобрите македонски ракометари кои ќе учествуват на Светското првенство во Германија и Данска односно за нивните подготовки.

МОК обезбеди и дополнителни 10.000 американски долари за обука на тренери на Универзитетот за физичко образование и спорт во Будимпешта, Унгарија каде што еден македонски тренер ќе престојува на три месечна обука на овој престижен спортски универзитет.