26/04/2024
Македонија

Момче од Србија влегло во земјава без тест за коронавирус

На 04.08.2020 во 23:30 часот во Полициска станица за граничен премин Табановце, при вршење на пасошка контрола на излез од Република Северна Македонија, М.Д.(26) од Р.Србија не приложил изјава за влез со ПЦР тест или транзит и при проверка било   констатирано дека на 02.08.2020 на Граничниот премин Блаце му бил одбиен влез за непоседување на ПЦР тест. По ова било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез во Република Северна Македонија, што и го потврдил во разговорот. М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка.