24/04/2024
Македонија

МОН и Европската конфедерација на синдикати во образованието ги поставија темелите на идната соработка во насока на подобрување на образовниот процес

Министерката за образование и наука Рената Дескоска доби писмо од г-ѓата Сузан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикати во образованието во врска со минатонеделната средба.

Во писмото г-ѓата Флокен укажува на нејзините позитивни впечатоци од разговорот со министерката, и надеж дека се поставени основи за идна плодна соработка и дијалог.

Министерството за образование и наука ќе остане доследно на политиката на отворени врати, а соработката со Европската конфедерација на синдикати во образованието, но и со домашните синдикати и засегнати страни ќе продолжи и натаму во насока на подигнување на нивото на социјалниот дијалог и подобрување на образовниот процес.

Исто така г-ѓата Флокен се дистанцираше од начинот на кој СОНК информираше за средбата и содржината на нивните изјави и укажа дека Европската конфедерација на синдикати во образованието не презема одговорност за информациите кои беа презентирани од страна на СОНК.

Министерката за образование и наука на Република Македонија Рената Дескоска изрази подготвеност за понатамошна соработка за воспоставување на европски стандарди во македонското обарзование, и се заблагодари на г-ѓата Флокен за нејзината реакција на погрешното информирање за нивната средба, која помина во исклучително позитивна атмосфера.