20/04/2024
Охрид

Мото-дефиле на членовите на ИПА

130 моторциклисти-членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, денес дојдоа во Охрид.

Посетата на Охрид и денешното дефиле се во рамките на третата ИПА мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, со подршка на ИПА регион Охрид и СВР Охрид.

За време на дефилето, беа преземени соодветни безбедносни мерки од страна на сообраќајната полиција при СВР Охрид.

Имено, мото-средбата започна пред два дена со дефиле низ Скопје, а моторциклистите исто така ги посетија и Крушево и Битола.

Денес, тие најпрво го посетија туристичкиот комплекс „Св.Наум“, а веднаш по дефилето низ охридските улици, тие имаа можност со брод да го разгледаат Охрид и крајбрежјето на Охридското Езеро.

Моторциклистите утре продолжуваат кон манастирот „Св.Јован Бигорски“.

WebOhrid