МВР со детали за автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово

На 13.02.2019 година околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, скопско, автобус сопственост на „Дурмо турс“со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(49) од Гостивар излетал од патот, се превртел и паднал на регионалниот пат Скопје – Тетово.

Од здобиените повреди починале 14 патници, а 39 се повредени и хоспитализирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Медицински центар Тетово.

Увидот од страна на Јавен обвинител и СВР Скопје е во тек.

Исто така од МВР информираат дека утврден е идентитетот на починатите лица: Ј.Т. (25) од Гостивар, О.С. (19) од Гостивар, Б.А. (21) од с. Зубовце, Врапчиште, З.Д.(38) , А.И. (25) од Гостивар, Б.Ф. (38) од с. Сенокос, Врапчиште, Б.У. (20) од с. Долна Бањица, В.Х. (29) од с. Дебреште, Гостивар, А.Р.(33) од с.Дебреште,Гостивар, Д.Р.(38) од Гостивар, П.К.(23)од Гостивар, А.А.(55) од с.Железна Река,Гостивар, Е.Е.(65) од Гостивар и Т. Ј. (62) од Гостивар.