19/04/2024
Охрид

МВР за граѓаните

По повод денот на полицијата 7 мај, Министерството за внатрешни работи наредниот викенд ќе организира неколку настани на кои очекуваме присуство на голем број граѓани, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

„Одбележувањето ќе почне во петок на 4 мај во касарната во скопската населба Ѓорче Петров, во сабота на 5 мај на пристаништето во Охрид, во недела на 6 мај на градскиот стадион во Штип и во понеделник 7 мај во Скопје. Граѓаните ќе можат да ја видат опремата со која располага македонската полиција, како и да присуствуваат на показни вежби во кои ќе учествуваат сите единици при Министерството за внатрешни работи (ЕБР, ЕСЗ, ПЕП, Гранична полиција ,Единица за службени кучиња, Сообраќајна полиција, Хеликоптерската единица ,Единицата за антитероризам), кои ќе ја демонстрираат својата подготвеност за справување со различни предизвици“, рече Ангеловски.

МВР со задоволство ги поканува граѓаните да присуствуваат и да се уверат во подготвеноста на македонската полиција.

„Воедно, сакаме да ги известиме граѓаните на Штип и Охрид  дека во наредните денови, како дел од подготовката за овие настани ќе бидат употребени и техничко-тактички средства и опрема и ги молиме за разбирање“, рече Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи им се заблагодари на граѓаните за разбирањето и трпението поради периодичните застои во сообраќајот поради трансферот на бројните странски делегации кои изминатите денови беа во Скопје. Во текот на вчерашниот ден во главниот град гости беа осум претседатели на држави, еден премиер и тројца министри за надворешни работи, за чија безбедност мораше да се преземат соодветни мерки и активности.

https://www.youtube.com/watch?v=Wart798FQjY