28/03/2024
Охрид

На 15 ти јули солистички концерт на Влатко Груевски во Охрид

Познатиот тенор од Националната опера и балет, Влатко Груевски, оваа година како и многу други години наназад ќе одржи солистички концерт на 15.07.2019 година во Куќата на Уранија во Охрид која е во сопственост на Академијата на науки и уметности.

Концертот припаѓа на неговата летна концертна сезона наречена „The Art of Power” каде се вклопени над 15 концерти на целата територија на нашата држава.