18/04/2024
Македонија

На 166 лица им се издадени решенија за изолација, 48 лицa фатени без маска

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.06) на територијата на Република Северна Македонија на 166 лице им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 591 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.