На 186 лица им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585  прекршоци.